Лек кој ја спречува прераната ејакулација

09-Октомври-2013 09:21

„Promescent“ е спреј кој ја намалува осетливоста кај мажот, со цел тој да може подолго да се воздржи од ејакулација. Одобрен е и пуштен во продажба, а го произведува малата компанија „Absorption Pharmaceuticals“.

Извршниот директор на оваа компанија, Џеф Абрахам, верува дека третманите за предвремената ејакулација се голем чекор, па е зачуден зошто некои големи компании не направиле сличен конкурентски производ.

До сега лековите за импотенција, како што е Вијаграта, се произведувани од фармацевтските компании, додека третманот за предвремена ејакулација беше игнориран.

Меѓутоа, сега конкуренцијата влегува во трка за да создаде сопствен третман за овој проблем.

„Promescent“ содржи лидокаин, лек против болки, кој ја намалува осетливоста на мажот и на тој начин му помага да се воздржи од прерана ејакулација.

Се предвидува дека оваа година продажбата на спрејот ќе донесе заработка од еден ипол милион долари, а следната дури четири.

Конкурентскиот производ „Tempe“ наскоро ќе се појави на европскиот пазар, а е направен од доктор Мајс Вили, човекот кој ја создаде вијаграта.

Предвремената ејакулација не е сериозен проблем, но нејзините последици можат да бидат сериозни. Ова е хроничен и исцрпувачки проблем кој влијае на мажите и на нивните партнерки.

Go back

Коментари

comments powered by Disqus